Видео: Ескадрили со Су-30 и Су-34 во Црното море бомбардираа непријателски бродови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Авијацијата на Јужниот воен округ изведе обемни поморски маневри.

Авијацијата на Јужниот воен округ изведе масовен воздушен напад врз конвенционални непријателски бродови во Црното море. Во текот на маневрите беа употребени преку 60 наведувани ракети и авиовбомби.

„Три ескадрили ловци Су-30СМ и повеќенаменски бомбардери Су-34 учествуваа во вежбата. Борбената група бродови ја симулираше група половила на Црноморската флота, а се користени и вежбовни поморски мети“, се наведува во соопштението на прес-службата на Јужниот воен округ.

Вежбите беа изведени во сложени радарско-електронски околности кои ги направија авионите Су-24МР и радарско-техничките единици на дивизионите за ПВО.

Пилотите изведоа преки 40 гаѓања со наведувани ракети „воздух-вода“, а беа употребени и дваесетина авиобомби. Сите мети беа успешно погодени.

Претходно авионите на оперативно-тактичката авијација на Јужниот воен округ изведоа прелет од Ростовската област на Крим. Во маневрите учествуваа преку 1000 војници и повеќе од 50 авиони, вклучувајќи и командно-надзорен авион А-50 со радар со голем домет и стратешки ракетоносци Ту-22М3, како и десет бродови на Црноморската флота.

Погледнете го видеото: Руски ловец Су-30СМ од генерацијата 4+ се најде „очи в очи“ со дрон над провинцијата Идлиб