Су-34
Владимир Аникеев/Global Look PressЕдиниците на Јужниот воен округ се под тревога. Ловците Су-30 и бомбардерите Су-34 на Воздушно-космичките сили на Русија се префрлаат на Крим во рамките на воена вежба. Ова го соопшти прес-службата на Јужниот воен округ.
„Воздухопловните ескадрили на тактичко-оперативната авијација од Ростов ќе прелетаат на воените аеродроми на Крим каде во текот на оваа недела ќе учествуваат во здружените тактички вежби со воздухопловните единици и дивизионите за ПВО на Четвртата армија на Воздушно-космичките сили и Противвоздушната одбрана“, се наведува во соопштението.
Екипажите на ловците и бомбардерите ќе мораат да уништуваат конвенционални мети, да вршат ракетни напади и бомбардирања на полигоните „Опук“ и „Чауда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче