Видео: Руски ловец Су-30СМ од генерацијата 4+ се најде „очи в очи“ со дрон над провинцијата Идлиб

Global Look Press
На интернет се појави видеоснимка од блиска воздушна средба на руски ловец и непознато беспилотно летало кое ја надлетуваше провинцијата Идлиб во Сирија.

Како што се наведува во описот на видеото, беспилотното летало се сретнало на небото над Сирија со руски авион-ловец Су-30СМ. Овој авион мошне блиску прелетал над големиот дрон, што јасно го забележала видеокамерата.

Без оглед што двете летала се приближувале едно на друго со голема брзина, камерата во рускиот ловец успеала јасно да ја „фати“ силуетата на непознатото беспилотно летало.

Снимката ја нарави вториот член на екипажот на рускиот повеќенаменски борбен авион Су-30СМ. Нему во еден момент му влезе во кадарот беспилотното летало. За какво беспилотно летало се работи, со каква задача се наоѓало во воздух и што се случило со него по средбата со рускиот ловец, нема детални податоци.

Воздушната средба се случи на небото над сирискиот град Марат Нуман кој се наоѓа во провинцијата Идлиб.

Прочитајте повеќе: Експертите во САД воодушевени од руското оружје против дронови во Сирија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња