Обелоденети научни прогнози за глобалното затоплување: САД главна жртва, Русија во добивка

Global Look Press

Според резултатите од научните анализи за глобалното затоплување, најголема штета ќе претрпат Соединетите Американски Држави, а зголемувањето на нивото на морето, екстремните временски услови и другите последици од климатските промени ќе доведат до годишни буџетски загуби од околу 250 милијарди долари.

Стручњаците направија список на најверојатните последици од глобалното затоплување во разни земји на светот и го проценија влијанието на секој поединечен фактор врз одредена економија. Како што се покажа, последиците кардинално се разликуваат од земја до земја, пишува Nature Climate Change, пренесуваат руските медиуми.

Експертите врз основа на достапните податоци заклучуваат дека јужните земји ќе претрпат далеку поголема штета отколку што претходно беше предвидувано. Според нивните сознанија, најмногу ќе бидат погодени САД и Индија кои, како што се верува, ќе ги чини штетата меѓу 250 и 206 милијарди долари годишно. Исто така, меѓу земјите кои ќе ги почувствуваат најнегативните последици од затоплувањето се вбројуваат Мексико, Кина и Бразил.

Според овие предвидувања северните земји, пак, ќе ги подобрат своите економии, што се поврзува со фактот дека моменталните температури таму се под оптималните. На тој начин затоплувањето ќе ги намали енергетските трошоци во индустријата и ќе ги зголеми приносите во земјоделието. Русија, Русија, Канада, како и земјите од Европската Унија и Северна Европа се вбројуваат во земјите врз чија економија позитивно ќе се одрази зголемувањето на просечната годишна температура.

Претходно во американските медиуми беше пишувано за позитивните страни на глобалното затоплување во однос на Русија. Во 2015 година 197 земји го потпишаа Парискиот климатски договор и се обврзаа дека ќе ја намалат емисијата на гасови со ефект на стаклена градина. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година објави дека САД излегуваат од договорот. Како што наведуваат експертите во наведената статија, сведоци сме на своевиден економски парадокс, олицетворен во фактот дека идните главни жртви на глобалното затоплување се залагаат и или за целосно откажување од Парискиот договор или за олеснувања во корист на земјите во развој. Од друга страна, речиси сите земји на кои порастот на температурата би им бил корисен, истапуваат за намалување на емисијата на штетни гасови. Како што наведуваат, научниците се надеваат дека нивните оцени и прогнози ќе им помогнат на политичарите од првата група на држави да ги коригираат своите ставови и да престанат да работата на штета на своите економски интереси.

Прочитајте повеќе: Дали Русија ја очекува климатска катастрофа?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња