Научниците од норвешкиот Институт за поморски истражувања тврдат дека Русија ја очекува климатска катастрофа, пренесуваат медиумите.
Научниците регистрираа остри и нагли промени на климата во северниот дел на Баренцовото море, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на Nature Climate Change. Како што се наведува, во северниот дел се забележува губење на карактеристиките на арктичко море, поради што тој регион наскоро би можел да поприми одлики на атлантска клима. Таквите промени би можеле да се покажат како погубни за локалните екосистеми и поврзаната со нив стопанска активност, меѓу другото и рибарството.
Експертите сметаат дека климатските промени можат да се објаснат пред сѐ со ниското ниво на дотек на слатка вода која Баренцовото море ја добива во процесот на топењето на мразот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче