Светот на прагот на леденото доба

Извор: Alamy/Legion Media.

Извор: Alamy/Legion Media.

Руските научници предвидуваат мало ледено доба во 2014 година. Тие ги демантираат тезите за глобалното затоплување и ги нарекуваат маркетиншки трик.

Одвивањето на процесот на загревање на климата е забележително. Затоплувањето на Земјата започнало во втората половина на осумнаесеттиот век, со почетокот на индустриската револуција. Токму заради тоа се смета дека овој процес е поврзан со антропогенското влијание. Човештвото ја зголемува емисијата на јаглерод диоксид, кој го предизвикува ефектот на стаклена градина.

Денешното затоплување е одек на излезот на планетата од „малото ледено доба“ и наскоро, секако според геолошките размери, ни претстои ново ледено доба. 

Рускиот научник Владимир Башкин категорично не се сложува со ова мислење. Тој тврди дека промената на климата има цикличен карактер и никако не е поврзана со човековата дејност. Заедно со колегата Рауф Галиулин од Институтот за фундаментални биолошки проблеми при Руската академија на науките докажува дека денешното затоплување е одек на излезот на планетата од „малото ледено доба“ и наскоро, секако според геолошките размери, ни претстои ново ледено доба.

Малото ледено доба настанува во период од некои 500 години. Претходното било кон средината на минатиот милениум, кога во Англија замрзнала Темза, Холанѓаните се лизгале на лизгалки, а во Русија странците биле обземени од страв кога виделе дека дрвјата пукаат од ладното. Периодите на заладување и затоплување имаат интервал од 30-40 години. На пример во Русија имало затоплување во триесеттите години на минатиот век, кога била можна навигација на Северната морска маршрута, потоа следувало заладување за време на војната, а потоа во седумдесеттите повторно имало затоплување. Денешниот период на затоплување заврши на милениумската граница.

Почетокот на новиот циклус заладување е поврзан со сончевата активност. Силата на зрачењето на нашата ѕвезда опаѓа и тоа влијае врз климата.

Емисијата на јаглерод диоксид е нормален природен процес и не е исклучиво резултат на човечката дејност.

Научните истражувања на климата во изминатите геолошки периоди ја ставаат под сомнеж основаноста на барањето на Кјотскиот протокол, тврди Владимир Башкин. Протоколот ја ограничува емисијата на газови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и допушта трговија со квоти на овие емисии. Емисијата на јаглерод диоксид е нормален природен процес и не е исклучиво резултат на човечката дејност, вели научникот.

Ефектот на стаклена градина предизвикан од антропогенски фактори сочинува 4-5% од природната емисија. Ерупцијата на еден вулкан има многу поголемо влијание. Вистински придонесе во создавањето на ефектот на стаклена градина дава обичната водена пареа. Фала му на Бога што никому не му паднало на ум да го регулира тоа.

Океаните на нашата планета содржат 60 пати повеќе јаглерод диоксид, одошто воздухот. За време на покачувањето на температурата на планетата доаѓа до негово поактивно издвојување. На тој начин на зголемувањето на СО2 во атмосферата не му претходи загревањето, ами напротив, настанува по него.

Глобалното затоплување за кое толку многу се зборува е повеќе маркетиншки потег, одошто научен проблем. Доколку настанало загревање – ја објаснува позадината на сличните размислувања рускиот научник – тоа значи дека потребата за традиционалните видови енергенси (јагленот, нафтата и газот) се намалува и цената на овие енергетски суровини мора да падне. Тоа повеќе не е наука, туку политика кристална како вода, тврди Владимир Башкин.

Меѓутоа нас нè очекува глобално заладување, а не глобално загревање, тврди рускиот научник. Нема потреба да се стравува од заладувањето: тоа ќе се развива полека и ќе се почувствува дури во средината на 21 век.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња