Беспилотно летало „Форпост“ (Searcher Mk II)
Слободан Ѓукиќ„Проектот се развива многу успешно, изведени се и обемни тестирања кои ја потврдија ефикасноста на новата технологија. Завршувањето на комплетната програма на овој проект е планирано за наредната, 2019 година“, истакнува директорот на Фондот за перспективни истражувања Сергеј Гарбук, пренесува РИА „Новости“.
Според него, во рамките на овој проект всушност се создаваат две нови технологии. Првата е направена за решавање на противтерористички задачи поврзани со откривање на скривници каде терористите го кријат вооружувањето, потоа откривање и идентификување на нивни замаскирани бази врз основа на снимки добиени од беспилотни извидувачки летала.
„Другиот комплет задачи кој ќе може да го решава оваа технологија е поврзан со класичниот воен сегмент: автоматско откривање на воздухопловна, поморска техника, копнено вооружување со помош на снимки добиени од вселената“, напоменува Гарбук.
Главен производител на оваа технологија е Московскиот институт за физика и технологија, чиј проект победи на отворениот конкурс што се одржа 2016 година.
Фондот за перспективни истражувања е формиран 2012 година и обединува научни истражувања и развојни концепции за интересите на одбраната и безбедноста на земјата. Неговата работа е насочена во три основни правци:
1. Хемиско-биолошки и медицински
2. Физичко-технолошки и
3. Информациски
Кон крајот на 2015 година е основан Националниот центар за развој на технологија и базични елементи за роботика. Денес Фондот за перспективни истражувања работи на повеќе од 50 различни проекти во кои соработува со повеќе од 40 лаборатории од водечките универзитети, научно-истражувачките институти и одбранбените претпријатија од составот на Воено-индустрискиот комплекс на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче