„Терминаторите” ќе тестираат нови гранати со програмирана експлозија

Михаил Воскресенски/Sputnik

На борбеното возило за поддршка на тенкови „Терминатор” ќе бидат тестирани нови програмирани гранати. Оваа технологија подоцна ќе може да се користи на секоја оклопна техника со топови со калибар 30 милиметри.

Државните тестирања на новите „паметни“ гранати се планирани за 2019 година, соопшти Јуриј Набоков, извршен директор на Научнопроизводствената единица  „Прибор”, која е дел од државната корпорација „Ростех”. Набоков додаде дека „Прибор“ штотуку ги подготвува државните тестирања, но „Терминатор” на прелиминарните вежби веќе тестирал гранати со програмирана експлозија.

Суштината на новата технологија е во тоа што не се внесуваат никакви измени ниту во конструкцијата на оружјето, ниту во системот на вооружување. На оклопното возило се монтира специјален ласерски блок кој ја програмира гранатата да експлодира во одреден момент откако ќе излета од цевката. Како што соопшти извршниот директор на „Прибор”, со помош на ваквите гранати може, меѓу другото, да се предизвика последователна низа од експлозии над непријателски ров.

Прочитајте повеќе: Американски аналитичар: Рускиот „Терминатор“ ја менува тактиката на тенковската борба

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња