Американски генерали: Во Сирија не можеме ништо да скриеме од Русите

Слободан Ѓукиќ
Во Пентагон се многу загрижени поради ефикасноста на руските радиоелектронски системи за извидување кои не ѝ дозволија на најсовремената американска воена технологија да се „размавта“ во Сирија. Според зборовите на највисоките американски воени офицери, особено внимание на руското извидување било насочено кон F-22 како и кон најсовремените убојни средства со кои во моментов располагаат Американците.

Американците соопштија дека во Сирија на лице место се запознале со многу ефикасното дејство на руските системи за противелектронска борба, противвоздушниот топовско-ракетен систем „Панцир“, крстосувачките ракети „Калибар“ и ракетите со голем дострел од класата „воздух-земја“ Х-101, пишува информативниот портал „Милитари Воч“, пренесува рускиот сајт РГ.

Особено внимание на Војската на САД било насочено кон следење на дејствата на руската воздухопловна група стационирана во Сирија, каде се веќе познатите тактички јуришници Су-25 и бомбардерите Су-24, првпат учествуваа и Су-34.

Меѓутоа, според мислењето на експертите, во тој дуел „кој ќе присобере повеќе информации за противничката страна“, руската армија поминала неспоредливо подобро од Американците.

Во јануари 2018 година, генерал-потполковникот на американското Воено воздухопловство Вералајн Џејмисон истакна дека учеството на ловците-бомбардери од петта генерација F-22 им дало на Русите извонредна шанса во пракса да ги проценат неговите борбени можности, нешто што тие и го искористиле.

Началникот на Централната команда на ВВ на САД генерал-потполковник Џефри Хариген изјави дека тие (се мисли на Американците) исто така присобрале доста податоци за квалитетот на руската авијација и тактиката на нејзината употреба. Според него, мора да се признае дека руската авијација во Сирија стекнала немерливо борбено искуство.

Руската војска присобра скапоцени технолошки информации за методологијата на наведување на најновите верзии на крстосувачките ракети „Томахавк“, кои се собрани од неексплодираните проектили кои беа соборени или паднале сами по себе во текот на кампањата на воздушни удари на Војската на САД и нејзините сојузници од април оваа година. Ракетите кои паднаа во сириската пустина притоа беа експедирани во Русија на дополнителни испитувања.

Покрај тоа, воените експерти забележаа дека значаен дел од руската војска која копнено беше присутна во Сирија исто така насобра значајно воено искуство во изведување на најсложени тактички пристапи во модерна воздушно-копнена борбена операција.

Прочитајте повеќе: Воено воздухопловство на САД: Русите дојдоа во посед на „непроценливи податоци“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња