Нешионал интерест: Новиот руски „летачки радар“ А-100 ќе биде сериозен проблем за НАТО

Youtube
Познатиот воен аналитичар на американското списание „Нешионал интерест“ Дејв Мажудмар истакна голема опасност од потенцијалната воздушна доминација на руските Воздушно-космички сили кога во нивниот состав ќе се воведе суперсофистицираниот „летачки радар“ А-100 „Премиер“.

„Поврзувањето на овој радар со ловците од 4+ и 4++ генерација Су-30СМ (НАТО кодификација Flanker-H) и Су-35С (НАТО кодификација Flanker-E) ќе им овозможи на Рисите сериозна предност во воздухот“. Ова во својот текст на Интернет-порталот „Нешионал интерест“ го објави нивниот водечки воен аналитичар Дејв Мажумдар.

А-100 е направен врз база на современиот военo-транспортен авион Ил-76МД-90А кој сериски се произведува во Уљјановск. „Преминот од стариот мотор Д-30КП-2 на новиот ПС-90А-76, вградувањето на модификувано крило и зајакнувањето на комплетната шасија на леталото сериозно ги зголемија летно-техничките карактеристики на овој авион во однос на основната верзија“, пишува авторот на овој текст, а пренесува информативниот портал РГ.

Конкретно, радарската станица која е применета на авионот за воздушно набљудување и наведување А-100 се состои од антена со фазирана решетка. Мажумдар напоменува дека целиот систем во голема мера е сличен на американскиот аналог Northrop Grumman E- 2D „Advanced Hawkeye“ каде во однос на него А-100 има определени предности.

„Радарско-набљудувачкиот систем кој се нарекува Премиер е составен од ротирачки антени со активно електронско скенирање по вертикала и механичко скенирање по азимут. Радарската антена за време на своето вртење прави целосен круг од 360 степени на секои пет секунди“, истакнува американскио аналитичар што укажува „дека новиот руски авион има врвни карактеристики“.

Напоменуваме дека според техничката спецификација на производителот на овој авион панорамскиот анбљудувачки радар и компјутеризираниот систем за обработка мошне ефикасно можат, во реално време, да ја следат воздушната ситуација на стотици километри, практично во сите насоки околу авионот. По идентификацијата на воздушниот објект, комплетната информација за него со сите параметри во истиот момент се проследуваат до дежурните системи за противракетна одбрана. Воздушните радарско-набљудувачки комплекси од новата генерација се толку моќни и софистицирани што можат да се употребуваат и како командни пунктови, од каде се командува со воздушни, копнени и поморски ударни групи.

„Постои голема веројатност дека новиот радар со активна радарска решетка која ќе се наоѓа во авионот А-100 Премиер според своите техничко-тактички карактеристики ќе го надмине авионот Boeing E-3 Sentry кој се наоѓа во составот на военото воздухопловство на САД. Кај него е инсталирана пасивна радарска решетка со вертикален модул на скенирање додека антената механички е насочена за пребарување по азимут“, заклучува во својот текст Дејв Мажумдар.

Воздушно-космичките сили планираат комплетната своја флота од 15 авиони А-50 и четири А-50У да ја заменaт со новите авиони А-100 „Премиер“. Останува само да се види колку време ќе биде потребно за сиот овој проект да се изработи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња