Сите воздухопловни борбени апарати кои се наоѓаат во состав на руската армија во најскоро време ќе бидат посилни со одбранбениот систем „Президент-С“, изјави за Интерфакс заменик-генералниот директор на концернот „Радиоелектронски технологии“ (КРЭТ) Владимир Михеев.
„Новите авиони во целост се опремени со нови системи за заштита, но има и малку постари модели кои не поседуваат такви средства. Нашата цел е во наредниот многу близок период на сите оперативни борбени летала да го завршиме циклусот на имплементација на ефикасни системи за заштита и на тој начин 100% да ги обезбедиме сите наши воздухоплови“, истакна Михеев.
Според него, во наредниот период концернот „Радиоелектронски технологии“ очекува потпишување на нови извозни договори за испорака на комплексот за заштита „Президент-С“. За негова набавка се заинтересирани партнерски земји од Северна Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија. Неодамна руските медиуми објавија информација дека со Египет е потпишан договор за испорака на оваа држава на системи за заштита на авиони „Президент-С“.
Одбранбениот комплекс „Президент-С“ е развиен од инженери на концернот „Радиоелектронски технологии“. Во негов состав се наоѓаат уреди кои работат во синергија и кои детектираат ласерско озрачување, потоа лансирање на непријателска ракета со ултравиолетов сензор, станица за оптоелектронско попречување и систем за исфрлање на лажни топлотни мамки. Според производителот, „Президент-С“ е посебно ефикасен во попречување на ракети кои се истрелуваат од лесни преносни системи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче