„Красуха“
Виталиј В. КузминРусија успеа да оствари напредок во сферата на средствата за радиоелектронска борба, а на Америка ќе ѝ биде потребно време да го достигне тоа ниво. Ова во интервју за C41SRNET го изјави воениот експерт на Центарот за воено-поморска анализа на САД Семјуел Бендет.
Како што нагласи тој, во Русија се продолжило со развој на технологиите за радиоелектронска борба и по распадот на СССР, додека Америка по завршувањето на студената војна тој процес го оставила настрана поради непостоењето на заканата каква што Москва претставуваше до 1991 година. Така последниве неколку години САД ненадејно се соочија со своите не толку високи (во споредба со руските) можности.
Воениот аналитичар како пример наведува низа системи за радиоелектронска борба, испробани во Русија изминативе години. Тоа се РБ-341В „Леер-3“, „Красуха“ и 1Л267 „Москва-1“.
Како што истакнува тој, руската војска и во Сирија применува систем на заштита на повеќе нивоа и на тој начин успешно ги штити своите воени бази во таа земја. На Црното море Русија исто така ги анализира сигналите на странските летала и ракети, забележува експертот.
САД објективно можат да го достигнат нивото на кое Русија во оваа сфера се наоѓа во моментов, само што за тоа ќе биде потребно време, смета Семјуел Бендет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче