Како што се наведува во описот на видеото, беспилотното летало се сретнало на небото над Сирија со руски авион-ловец Су-30СМ. Овој авион мошне блиску прелетал над големиот дрон, што јасно го забележала видеокамерата.
Без оглед што двете летала се приближувале едно на друго со голема брзина, камерата во рускиот ловец успеала јасно да ја „фати“ силуетата на непознатото беспилотно летало.
Снимката ја нарави вториот член на екипажот на рускиот повеќенаменски борбен авион Су-30СМ. Нему во еден момент му влезе во кадарот беспилотното летало. За какво беспилотно летало се работи, со каква задача се наоѓало во воздух и што се случило со него по средбата со рускиот ловец, нема детални податоци.
Воздушната средба се случи на небото над сирискиот град Марат Нуман кој се наоѓа во провинцијата Идлиб.