Руската војска во изминатиов период работеше на развој на средства за неутрализација на заканите кои претставуваат евтините, но смртоносни дронови на терористите од кои поголем дел се поголеми од просечен тостер.
Водечкиот руски производител на тешки гасеничари, фабриката „Уралвагонзавод“, го покажа новиот систем за ПВО и унапредената верзија на советското борбено возило за пешадијата.
Овие системи беа особено истакнати во презентацијата на оваа компанија на воениот саем Армија 2018, одржана кон крајот на август во близина на Москва.
Првото нешто што го понуди компанијата беше унапредената верзија на борбеното возило на пешадијата од типот БМП-1 под кодно име „Басурманин“ („неверник“ на руски). Производителот беше соочен со предизвикот советскиот диносаурус да го претвори во чудовиште на новата ера способно да се бори рамо до рамо со најновите руски системи. Дали оваа задача е исполнета или не ќе биде познато по воените испитувања во Сирија. Дотогаш еве кус преглед на новите одлики на унапредениот модел.
Пред сè возилото поседува нов борбен комплет позајмен од БТР-82А. Тој вклучува автоматски топ со калибар од 30 милиметри, митралез ПКТМ со калибар од 7.62 милиметри, како и комбиниран систем ТКН-4ГА-01 со противвоздушен нишан кој функционира во сите климатски услови. Тука е исто така и новиот стабилизатор на вооружувањето, како наведувачкиот противоклопен систем ПТРК 9К115 „Метис“. Инаку топот од 30 милиметри што го поседува „Басурманин“ исто така се наоѓа и на офанзивните хеликоптери Ка-52 и Ми-28Н.
Креаторите намерно ја намалиле каденцата на топот од 550 на 330 гранати во минута за да се унапреди прецизноста и економичноста во потрошувачката на муницијата.
Благодарение на новиот борбен комплет, „Басурманин“ може ефикасно да се користи како против единици и лесно оклопни возила на оддалеченост до 2 километри, така и против нисколетечки хеликоптери.
За време на борбите на Блискиот Исток, руските единици и единиците на НАТО се соочија со ново смртоносно оружје што го користеа милитантите – мали дронови опремени со ненаведувачки бомби.
Би можеле да се запрашате колку се навистина опасни овие импровизирани „коптери“ со големина на тостер, но проблемот се наоѓа во руската опрема што ги соборува. Секоја ракета за Тор-М2 или за Панцир С-1 чини милиони рубли, а автоматските топови со калибар од 30 милиметри од Панцир дејствуваат со каденца од 5.000 проектили во минута, при што овие системи наменети за соборување поголеми мети – офанзивни авиони, нисколетечки крстосувачки ракети итн. Евтините импровизирани дронови можат да ги исцрпат резервите од муниција на руските високотехнолошки системи за ПВО и така да направат пат за поголеми напади.
Затоа руските инженери почнаа да работат на решавање на овој проблем. Конструкторите од „Уралвагонзавод“ направија самоодечки систем за артилериска ПВО познат под името 2С38 Деривација – ПВО, за уништување на мали воздушни мети, но тој може да се користи и за соборување на крстосувачки ракети и проектили воздух-земја. Особено снаодливите војници ќе бидат во можност овој нов систем да го користат и против леснооклопни возила и пешадија скриена во згради и други фортификации.
Производителот истакнува дека комплетот муниција за овој нов систем е уникатен. Покрај класичните распрскувачи, се одбележуваат и противоклопните гранати со калибар од 577 милиметри кои се користат за автоматскиот топ С-60, тука е и новата муниција – мултифункционални наведувачки артилериски гранати со темпирана запалка.
Овој противвоздушен систем може да дејствува во кое било време од денот или ноќта и во кои било климатски услови, а имун е и на оптичките и на електронските противмерки кои непријателот би може да ги користи. Системот може да детектира, да следи и да гаѓа мети како самостојно, така и врз основа на податоците што ги добива од централната команда.
Згора на тоа, за уништување на секоја поединечна мета, „паметниот систем самостојно ќе го избере најефикасниот вид муниција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче