Руските компании завладеаја со технологии кои обезбедуваат висок квалитет и производствено темпо кога се во прашање најсложени производи како што се суперсоничните авиони. „Со примена на нова технологија вкупната продуктивност на трудот е зголемена за дури 10 пати!“ е еден од заклучоците што ги изнесе Владимир Путин во текот на посетата на една од фабричките хали кои ги произведуваат овие летала.
Претседателот додаде и дека технологијата што се применува во компаниите кои произведуваат исклучително сложени борбени системи мора да се прошири на практично сите сегменти на производството. Тоа е од исклучително значење кога е во прашање целокупното руско стопанство, од што зависи и економската моќ на државата.
Министерството за одбра на РФ и ПАО „Туполев“ се наоѓаат пред потпишување на крупен договор кој ќе овозможи радикална обнова на флотата на руската стратешка авијација. Главната ставка во овој договор е испорака на длабоко модернизирани (практично нови) стратешки бомбардери-ракетоносци Ту-160М/М2. Раководството на оваа фабрика е подготвено во целост да ги исполни многу строгите временски критериуми кои се однесуваат на овој договор. Претседателот Путин и лично се увери дека овие приказни не се само декларативни, туку дека се темелени на реални процени.
Според Путин, договорот за испорака на бомбардери Ту-160М предвидува производство на 10 авиони по цена од 15 милијарди рубли по авион, што во целост ќе го пополни капацитетот на фабриката до 2027 година. Освен тоа, Путин изјави дека новиот суперсоничен стратешки бомбардер Ту-160 „Петар Дејнекин” ќе ја зајакне нуклеарната тријада на Русија.
Ту-106М2 е суперсоничен стратешки бомбардер со променлива геометрија на крилата. Претставува еден од најдобрите авиони од оваа класа во светот. Првпат е прикажан во јавноста на 16 ноември 2017 година во кругот на фабриката што се наоѓа во Казањ. Што се однесува до неговата модернизација, најголемите зафати се направен на вградување на елементи ИМА (интегративен систем за управување со леталото), потоа нападно-навигациски систем, систем за противелектронска борба, систем за комуникација, систем за контрола на потрошувачката на гориво, систем за управување со работата на моторите итн.
Благодарение на сеопфатната модернизација, добиен е практично нов авион кој е за дури 60% поефикасен од претходната верзија.
Прочитајте: Американците го оценија Ту-160М2 како „супербомбардер“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче