САД ја признаваат ефикасноста на руската подморничка флота

Слободан Ѓукиќ

Командантот на Шестата флота на САД адмирал Џејмс Фого ја призна ефикасноста на подморничката флота на Русија, истакнувајќи дека руските власти продолжуваат да издвојуваат средства за развој на овој сегмент на Вооружените сили, пренесуваат медиумите.

„Сегментот на подводни борбени дејствија е многу важен”, заклучува адмиралот на американската морнарица.

Тој истовремено изразува мислење дека САД се „вовлечени во четврта битка за Атлантикот поради сѐ поголемата активност на руските подморнички сили“.

„Активноста во подводното војување е значително зголемена откако првпат се најдов во Европа и од времето на „студената војна“, рече Фого.

САД кон крајот на август ја обновија 2 флота во состав на Воената морнарица за одвраќање на Русија во северниот дел на Атлантскиот океан.

Прочитајте повеќе: Руските бродови на Крим тргнаа во потрага по подморница попозната како „Црна дупка“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња