Руски повеќенаменски борбен авион од петта генерација Су-57
Владимир Сергеев/SputnikКако што објасни интернет порталот bmpd, а пренесе новинската куќа РГ, се работи за системот за откривање, идентификација и управување со оган 101КС-Н кој се закачува на подтрупниот носач на ова летало. Имено, повеќенаменскиот авион-ловец од петта генерација Су-57 (евиденциски број на леталото „055“) кој учествуваше во летачката програма на авиомитингот одржан по повод 65-годишнината од основањето на Луховицкиот воздухопловен завод, беше фотографиран со интересен предмет што се наоѓаше на подтрупниот носач на авионот.
Повеќето посетители првин помислија дека се работи за ракета, меѓутоа на фотографијата јасно се гледа дека не станува збор за никакво убојно оружје како што е бомба или ракета, туку за новиот оптоелектронски систем за управување со оган кој инаку се развива за овој авион.
Опытный образец Су-57 засветился с подвесным контейнером 101КС-Нhttps://t.co/SDeIziULZUpic.twitter.com/EQaGKvMIdQ
— TOPWAR (@topwar_ru) 20 August 2018
Подтрупниот оптоелектронски контејнер 101КС-Н е развиен за употреба на перспективните борбени летала од руско производство, како што е Су-57. Произведен е од Уралскиот оптомеханички завод („Уральский оптико-механический завод“). Според информациите кои доаѓаат од компанијата, се работи за повеќеканален оптоелектронски нишански систем кој главно се закачува на подтрупните носачи на авионот. Неговата основна намена е откривање и идентификација на копнени цели на непријателот, како и примена/наведување на убојни средства по откриените цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче