Видео: Руската Воена морнарица истрела на вежби седум крстосувачки ракети

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Бродовите и крајбрежните системи на Тихоокеанската флота на руската Воена морнарица во текот на маневрите од Охотското море и Камчатка извршија успешен напад со помош на седум крстосувачки ракети врз цели на површината на водата, соопшти одделението за информирање на прес-службата на Источниот воен округ.

„Бродска офанзивна група, во чиј состав беа главниот брод на Тихоокеанската флота ракетниот крстосувач „Варјаг“ и малите ракетни бродови „Разлив“ и „Мороз“, како и нуклеарната ракетна подморница „Томск“ и единиците на крајбрежните ракетни системи „Бастион“, реализираа гаѓања со крстосувачки ракети врз цели на површината на водата“, се наведува во соопштението.

Ракетниот напад врз пловечки бродови-мети со помош на крстосувачки ракети „Вулкан”, „Гранит”, „Малахит” и „Оникс” е извршен од Охотското море и од брегот на Камчатка на оддалеченост од 250 до 500 километри.

„Според податоците на објективната контрола, сите седум крстосувачки ракети успешно ги погодија метите“, соопшти прес-службата.

Безбедноста на реонот ја обезбедуваа 20 борбени бродови на Приморската флотила на силите на Тихоокеанската флота, војската и силите на североистокот на Русија, како и авиони на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота.

Погледнете го видеото: Пилоти на МиГ-31 извршија ноќно дополнување на гориво на небото над Камчатка