Видео: Ракетен напад на рускиот крстосувач „Варјаг“

Википедија
Главниот брод на Тихоокеанската флота на Русија – ракетниот крстосувач „Варјаг“ во текот на тактичките маневри изврши напад со крстосувачки ркети врз цели на море. Маневрите се одржани во Јапонското море, соопшти прес-службата на Тихоокеанската флота.

„Гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“ истрела крстосувачки ракети од системот „Базалт“ кон морски штит, кој симулираше противнички брод. Крстосувачките ракети успешно ја погодија целта, што го потврдија податоците на објективната контрола и визуелното набљудување на метата“, соопшти за весникот „Росијскаја газета“ капетан втора класа Николај Воскресенски.

Тој исто така истакна дека безбедноста на подрачјето на морскиот полигон ја обезбедувале 15 борбени и помошни бродови на Тихоокенската флота, како и противподморнички авиони на морнаричката авијација. Освен тоа „Варјаг“, заедно со фрегатите „Адмирал Трибуц” и „Адмирал Виноградов” изведе артилериски гаѓања врз крајбрежни цели кои симулирале заштитени огнени позиции и борбена техника на симулираниот непријател.

Ракетниот крстосувач „Варјаг“ е спуштен во вода 1989 година, а од 1996 година е главниот брод на Тихоокеанската флота. Главното офанзивно вооружување на бродот го сочинуваат 16 лансери на противбродски крстосувачки ракети П-1000 „Вулкан”. Како и „Гранитите”, тие вршат напад во јато од различни правци, делејќи ги меѓу себе целите. Ракетите можат да носат нуклеарна боева глава со сила од 350 килотони.

Крстосувачот е исто така опремен со спарено орудие со калибар 130 мм, повеќецевни ракетни фрлачи и торпедни цевки. Од напад од воздух го штитат бродската варијанта на системот С-300Ф „Риф”, два спарени ракетни системи со краток дострел „Оса” и шест противвоздушни автоматски топови АК-630.

Депласманот на крстосувачот е 11280 тони, должината му е 186 метри, а ширината 20,8 метри. Има брзина од 32 јазли. Со полн резервоар мое да помине 7500 морски милји и може автономно да престојува на море до 30 дена. Екипажот го сочинуваат 476 морнари.

Екипажот на крстосувачот „Варјаг“ минатата година постигна најдобри резултати во гаѓањето со крстосувачки ракети во составот на руската Воена морнарица.

Прочитајте повеќе за главниот брод на Северната флота - тешкиот крстосувач „Петар Велики”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња