Електрониката применета на тенкот Т-14 „Армата“ jа очекува вистински пекол

Основиот борбен тенк Т-14 „Армата“

Основиот борбен тенк Т-14 „Армата“

Сергеј Фадејчев/TASS
По приемот во оперативните единици на руската армија овој тенк ќе помине најсуров вид на експлоатација во најразлични теренски и временски услови. Неговите „фини“ електронски уреди ќе мораат да ја добијат битката со електромагнетната бура која се јавува на крајниот север на Русија, но и во услови на тешка извалканост и високо температури карактеристични за пустините.

Основниот борбен тенк од четврта генерација Т-14 „Армата“ покрај тестирањата во стандардните борбени услови карактеристични за континенталниот дел на Руската Федерација, ќе помине и сурова проверка во Арктичкиот појас. Ова го изјави заменик-командантот на Копнените сили генерал-полковник Виктор Лизвински.

„Планираме овие тенкови да ги испитаме во сурови климатски услови какви што владеат на Арктикот. Не е исклучено еден дел од тенковите да испратиме и во ридско-плнинско подрачје, како и во климатски услови кои одговараат на пустините“, истакна генералот за информативниот сајт РГ.

Според заменик-командантот на Копнените сили, ваков сложен сеопфатен пакет на тестирања денес е неопходен, имајќи ги предвид бројните негативни примери на употреба на оклопните единици во различни климатски зони, карактеристики на теренот и сл. Најдобар пример за тоа е случајот со американскиот основен борбен М1 „Абрамс“ кој за време на операцијата „Пустинска бура“ често се расипуваше поради проблеми со моторот кој немаше адекватни филтри за пустински песок.

„Ние мораме да испробаме сѐ“, нагласува генералот Лизвински. „Едноставно, мораме да се увериме како овој борбен тенк набиен со електроника ќе се однесува на крајниот север на нашата земја каде владее поларната светлина“, истакнува генералот. Имено, познато е дека електромагнетното зрачење што го емитува поларната светлина може да биде исклучително силно, што може многу негативно да влијае на електронските компоненти на тенкот (комуникациските и навигациските уреди)

Напомена

Заменик-министерот за одбрана Алексеј Криворучко им соопшти на новинарите кои го следат големиот воено-технички саем „Армија-2018“ дека годинава ќе биде испорачана првата група основни борбени тенкови од четврта генерација „Армата“. „Денес е потпишан договор за набавка на 132 борбени машини врз база на „Армата“ (основни борбени тенкови Т-14 и тешки борбени возила на пешадијата Т-15). До крајот на 2018 година очекуваме испорака на првите девет машини врз база на „Армата“, истакна Криворучко.

Прочитајте повеќе: Најсовремениот тенк на светот Т-14 „Армата“ до крајот на годината во вооружувањето на руската армија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња