Зошто „Армата“ уште сега го нарекуваат најдоброто борбено возило на светот?

Тенк Т-14 „Армата“

Тенк Т-14 „Армата“

YouTube
На „Армата“ многу нешта се уникатни. Вклучувајќи ги и неговите борбени средства.

На пример, како што изјави Анатолиј Тарнаев, главниот конструктор на „Фабриката број 9“ во која се произведуваат артилериски системи, топот на „Армата“ може да победи во двобој со секој современ тенк кој постои на Западот, како и со перспективните возила кои допрва ќе бидат создадени. „Тоа напаѓа понатаму“, вели конструкторот за ова оружје. „Полесно ги пробива оклопите. Може да произведе поголем број истрели во одреден временски период“, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

Треба да се каже дека во цевката на „Армата“ се користени технологии какви претходно не се применети ниту на еден друг тенк. Како што изјави генералниот директор на „Фабриката број 9“ Михаил Матвиенко, во технологијата за изработка на оружје за Т-14 се користени оригинални пристапи како што е заварувањето на каналите, а применета е и нова технологија на хромирање на каналите, што значително ја зголемило издржливоста на цевката. Покрај тоа, за топот на „Армата“ се користени термозаштитни покривки кои не дозволуваат сончевата светлина да ја витка цевката кога ќе се загрее.

Електронските „мозоци“ на „Армата“ се произведуваат во научно-производственото претпријатие „Електромашина“. Генералниот директор Игор Афанасјев изјави дека неговата организација произведува не помалку од 55 видови производи за Т-14 при што половина од производите е дизајнирана специјално за оваа платформа. „Во тенкот „Армата“ сѐ повеќе се користи дигиталната електроника, принципот на вештачка интелигенција и самодијагносика“, вели Афанасјев. „Плус унификација, кога блоковите одговараат и за Т-14, и за други системи на истата платформа“.

Токму врз ова се заснова новата идеологија на руската војска: максимум на меѓусебна заменливост. Во мирнодопско време тоа штеди средства, а во борба се намалува времето за обнова на оштетените системи.

Капсулата за екипажот е уште еден новитет на „Армата“. Главниот конструктор на тенкот, генералниот директор на „Трансмаш“ Андреј Терлинков, ја истакна удобноста на престојот на посадата на своите позиции.

„Армата“ за две години станува робот со вештачка интелигенција

Медиум: „Армата“ ќе биде заштитен од екстремни студови со суперкондензатори

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња