Најсовремениот тенк на светот Т-14 „Армата“ до крајот на годината во вооружувањето на руската армија

Основниот борбен тенк Т-14

Основниот борбен тенк Т-14

Shutterstock
До 31 декември 2018 година во единиците на Првата тенковска армија ќе влезат првите примероци на основниот борбен тенк Т-14 „Армата“. Паралелно со воведувањето на овие тенкови, наредната година почнува сериско производство на тешкото борбено оклопно возило Т-15 кое исто така ќе почне да ја пополнува руската оклопна елита.

Првите девет оклопни борбени средства врз база на „Армата“ веќе годинава ќе им бидат испорачани на единиците на руската армија. Најверојатно се работи за основните борбени тенкови Т-14 кои се на крајот на циклусот на техничките испитувања. Ова за агенцијата „Интерфакс“ го изјави неименуван извор од руското Министерство за одбрана.

„Руската армија ќе ги добие првите девет борбени машини основен борбен тенк Т-14 оваа година. Почетокот на сериското производство и испораката на борбена машина на пешадијата Т-15 го очекуваме веќе наредната година“, истакна соговорникот.

Според одделни извори, првите девет сериски тенкови Т-14 „Армата“ најверојатно ќе влезат во состав на Првата тенковска армија на Западниот воен округ чиј штаб се наоѓа во Подмосковје. Според соговорникот на „Интерфакс“, паралелно со испораката на првиот контингент тенкови „Армата“ ќе продолжи етапата на нивно континуирано тестирање.

Заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко им соопшти на новинарите кои го следат големиот воено-технички саем „Армија-2018“ дека оваа година ќе биде испорачана првата група основни борбени тенкови од четврта генерација „Армата“. „Денес е потпишан договор за набавка на 132 борбени машини врз база на „Армата“ (основни борбени тенкови Т-14 и тешки борбени возила на пешадијата Т-15). До крајот на 2018 година очекуваме испорука на првите девет машини врз база на „Армата“, истакна Криворучко.

Во февруари оваа година сегашниот вицепремиер Јуриј Борисов (во тоа време заменик-министер за одбрана) истакна дека Министерството за одбрана на наскоро ќе набави најнова оклопна борбена техника врз база на „Армата“ еквивалентна на една тенковска бригада (два баталјона со основниот борбен тенк Т-14 и еден баталјон со борбената машина на пешадијата Т-15).

Прочитајте повеќе што пишува „Национален Интерес“: Рускиот тенк Т-14 „Армата“ ќе биде вооружен со шински електромагнетен топ?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња