Руското тешко офанзивно беспилотно леталот „Охотник” (Ловец), кое според сегментот на применета вештачка интелигенција ќе биде прототип на ловец од шеста генерација, првпат ќе полета во септември 2018 година. Ова го соопшти извор од водухопловната индустрија во кулоарите на изложбата „Армија-2018”.
„Во септември „Охотник“ ќе полета првпат. Ќе биде изведена серија „скокови“ на пистата (апаратот повеќе пати ќе полета на висина од неколку метри и веднаш ќе слета). Ова тестирање нема да биде вистински лет, но ќе овозможи безбедно да се провери однесувањето на леталото и функционирањето на неговиот систем за управување во почетната фаза на летот“, изјави соговорникот. Тој додаде дека апаратот досега само се движел по писта.
Соговорникот истакна дека комплетното полетување, летање и слетување на апаратот треба да бидат реализирани 2019 година. Во моментов, додаде изворот, врз „Охотник“ се вршат различни електронски тестирања.
Како што претходно изјави за ТАСС извор од руската воена индустрија, рускиот концепт на ловец од шеста генерација не е до крај дефиниран, но веќе може да се издвои неговата главна карактеристика: непостоење на пилот и способност за автономно вршење на сите борбени задачи. „Во овој сегмент на вештачката интелигенција и автономија „Охотник“ ќе биде прототип на ловец од шеста генерација”, истакна соговорникот на агенцијата.
Според достапните податоци, „Охотник“ користи стелт технологија на намалена видливост на радарот, има аеродинамична шема на „летечко крило” (без опашести крилца), а масата при полетувањето му е 20 тони. Според непотврдени податоци, беспилотното летало има млазен мотор и може да развие брзина од околу 1000 км/ч. Договорот за проектирање на „Охотник“ го потпиша од руското Министерство за одбрана со компанијата „Сухој“ 2011 година. Првата макета на беспилотното летало за тестирање на земја е направена 2014 година.