Видео: Повеќецевни ракетни фрлачи „Ураган” уништија „терористички” фабрики за производство на оружје

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Артилериските единици на Централниот воен округ уништија недалеку од Орнебург цела мрежа погони за производство на оружје под контрола на терористичка група со помош на неколку повеќецевни ракетни фрлачи и самоодни хаубици „Мста-С”.

На вежбите изведени на полигонот Тоцки во Централниот воен округ учествуваа околу илјада артилерци со повеќе од 200 единици техника. Оган врз позициите на условниот непријател беше отваран од различни правци на растојание и од 20 км.

Според планот на вежбата артилериските единици требаше за кратко време да нанесат масивни и групни удари врз објектите на противникот. За одредување на координатите на целите се користени беспилотни летала.  

Погледнете ја и снимката од гаѓањето со руски паметни гранати „Краснопољ”