Репортажата од бригадните тактички вежби во кои учествуваа 2000 војници и повеќе од 500 единици техника ја сними рускиот телевизиски канал „Ѕвезда“.
Според сценариото, непријателот преживеал напад на повеќецевни ракетни фрлачи. Тогаш во акција стапија самоодните хаубици со калибар 152 милиметри 2С19 „Мста-С”. Тие врз целите истрелаа гранати „Краснопољ”. Гаѓањето беше коригирано со беспилотни летала.
Прецизноста на гаѓањето беше исклучителна, во што можете и самите да се уверите.
Артилериската граната „Краснопољ” е конструирана кон крајот на 70-те во Тулското конструкторско биро за машиноградба. Ласерската полуактивна глава за самонаведување е проектирана и произведена во Ленинградската оптичко-механичка асоцијација. Овие гранати се наменети за артилериските системи Д20, 2С3М „Акација”, 2С19 „Мста-С”, 2А65 „Мста-Б”. Ласерскиот обележувач на целта овозможува истовремено маркирање на најмногу три цели. Гранатата погодува тенкови на растојание од 5 до 7 километри, а покрупни објекти на растојание до 15 километри.
Со помош на „Краснопољ“ беше ликвидирана група терориста кои од минофрлачи ја гаѓаа руската воздухопловна база Хмејмим.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче