Квазибалистичка ракета 9М723 на „Искандер-М“ погоди цел со нулта отстапување од зададената точка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Ракетата многу брзо ја достигна потребната висина и тргна кон целта изведувајќи интензивни маневри кои на одделни делови од нејзината траекторија достигнуваа оптоварување од 20 Г. Ракетата успешно уништи непријателски команден пункт, со нулта отстапување од зададената точка.

Во Астраханската област на полигонот Капустин Јар е изведено боево лансирање на балистичка ракета 9М723¹ „Искандер-М“. Гаѓањето од оперативно-тактичкиот ракетен систем го изведоа припадниците на ракетната бригада која се наоѓа во состав на 2 комбинирана армија.

Со помош на ракетата е уништен командниот пункт на условниот непријател кој се наоѓаше 70 км од местото од кое е истрелана ракетата. Треба да се истакне дека целта беше добро вкопана и замаскирана и дека во основа нејзините димензии не надминуваа обем поголем од 4 метри.

Покрај тоа, како што соопштува прес-службата на Централниот воен округ, една од главните задачи на боевото гаѓање е и преземање на сите мерки и технички постапки со цел ефикасно противдејство на непријателските електронски средства кои го попречуваа процесот на гаѓање.

„Ракетата многу брзо ја достигна потребната висина и тргна кон целта изведувајќи интензивни маневри кои на одделни делови од нејзината траекторија достигнуваа оптоварување од 20 Г. Ракетата успешно уништи непријателски команден пункт, со нулта отстапување од зададената точка“, истакнаа од прес-службата на Централниот воен округ.

Во последно време руските конструктори работат на модернизација на квазибалистичката ракета 9М723. Однадвор таа нема многу да се разликува од нејзината основна верзија, но системот за наведување, како и ракетниот погон на ракетата кои се невидливи и кои се наоѓаат под нејзината оплата ќе претрпат кардинално унапредување. Се претпоставува дека овие измени, особено во нејзиниот погонски блок, ќе доведат до тоа проектилот да биде уште побрз и поманеварбилен од постојниот модел.  

¹Квазибалистичката ракета 9М723 се одликува со исклучително голема брзина на летање и со променлива траекторија, така што претпоставува цел која е многу тешко, речиси невозможно да се собори со познатите системи за ПРО. Ракетата е способна при брзини кои надминуваат 7500 км/ч да маневрира во висина и правец (трпи оптоварување и до 30G), при што може да достигне висина и до 100 км. Нејзиниот максимален дострел достигнува цели 500 км, додека на тие далечини нејзиното максимално отстапување од целта е само 5-7 метри (сателитско наведување).

Прочитајте повеќе: Ракета „Искандер“ погоди цел оддалечена повеќе од 100 километри