„Искандер-М“, лансирање на полигонот Капустин Јар, Астрахањска област, 5 март 2018.
Global Look Press„Ракетата е истрелана врз цел оддалечена повеќе од 100 километри – тоа беше имитација на команден пункт на условен непријател. Целта е погодена со висок степен на прецизност“, се вели во соопштението. Се истакнува дека активностите на екипажот добиле одлична оцена. По завршувањето на маневрите војниците ќе ја натоварат новата техника на железнички платформи и „ќе извршат комбиниран марш до постојаната база“.
Во октомври беше соопштено дека во Русија е завршено тестирањето на новата ракета за оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер“.
Познатиот ракетен систем „Искандер-М“ уште сега е ефикасно и страшно оружје. На проектилот можат да бидат монтирани десет видови боеви глави.
Овој систем никогаш не е применет во борбени дејства. Може тотално да го опустоши теренот – наменет е за стратешки цели длабоко во непријателската позадина, т.е. за уништување на ракетни системи, воздухопловни бази, пристаништа, воени бази, фабрики и сл.
Има дострел од 500 километри и погодува цел со прецизност од 30 до 50 метри. Ракетите можат да носат обични боеви глави тешки 500 килограми, како и нуклеарни боеви глави.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче