Русија подготвена да ги извезува „Искандерите“

Reuters
Русија е подготвена да им понуди на голем број земји извозна варијанта на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М”, изјави за „Интерфакс” директорот за меѓународна соработка и регионална политика на државната корпорација „Ростех” Виктор Кладов.

„Русија е подготвена да го понуди „Искандер“ на широк круг заинтересирани земји“, изјави Кладов, одговарајќи на прашањето на агенцијата за потенцијалните купувачи на системот.

Според него, „Искандер-Е“ (Искандер-Э) претходно не бил извезуван, но никогаш не постоела строга забрана за негова испорака. Претходно беше соопштено дека Русија го испорачала системот „Искандер“ на две земји: Ерменија и една земја од Северна Африка која не е наведена.

Во август минатата година шефот на Федералната служба за военотехничка соработка на Русија Дмитриј Шугаев изјави дека Русија разгледува неколку понуди од странски партнери за набавка на „Искандер“.  

Според официјалните податоци, „Искандер-М”, кој се наоѓа во состав на ракетните бригади на Копнените сили на Русија, може да гаѓа цели на растојание до 500 километри. Системот користи два типа на ракети: балистички и крстосувачки. Наменет е за гаѓање на непријателски повеќецевни ракетни фрлачи, средства за противракетна и противвоздушна одбрана, авиони и хеликоптери на аеродроми, командни пунктови и инфраструктурни објекти.

Извозната варијанта на системот ја носи ознаката „Искандер-Э”. Нејзиниот дострел е ограничен на 280 километри, поради тоа што извозот на ракети со дострел поголем од 300 километри е забранет со меѓународните спогодби.

Погледнете го видеото: Лансирана новата подобрена ракета „Искандер-М“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња