За само 2 милиони долари руските ВКС добиваат 130 високопрецизни универзални ракети Х-25МЛ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на РФ соопшти дека се планира модернизација на 130 проектили со Х-25МП. По модернизацијата, тие ќе ја добијат новата ознака Х-25МЛ. Овој проект е предвиден за три календарски години. Вкупните трошоци за модернизација на 130 Х-25МП ракети до стандардот Х-25МЛ ќе изнесуваат околу 2 милиони американски долари.

Руското Министерство за одбрана најави обемна модернизација на тактичките противрадарски проектили Х-25МП, соопштува рускиот весник „Известија“, пренесува интернет порталот „Интерфакс“.

„Ракетите Х-25МП се наменети исклучиво за борба против противвоздушни ракетни системи. Модернизираните примероци на оваа ракета ќе станата повеќенаменско високопрецизно оружје кое ќе се состои од ласерски самонаведувана боева глава и унапреден блок за управување кои ќе обезбедат нејзина поширока примена на боиштето. Според мислењето на воените експерти, со овој проект руските Воздушно-космички сили во многу краток временски период и со минимум потрошени средства ќе добијат респектабилна количина на модернизирани ракети развиени врз основа на Х-25МП“, се наведува во текстот.

Од Министерството за одбрана на РФ соопштија дека се планира модернизација на 130 ракети Х-25МП. По модернизацијата, тие ќе ја добијат новата ознака Х-25МЛ. Овој проект е предвиден за три календарски години. Вкупната цена на модернизацијата на 130 ракети Х-25МП до стандардот Х-25МЛ ќе изнесува околу 2 милиони американски долари.

„Модернизираната ракета Х-25 ќе има универзална примена. Таа ќе ја задржи својата примарна улога за борба против радарските капацитети на непријателот, но ќе може да се применува и против цел спектар на копнени точкести цели“, се истакнува во текстот.

„Покрај унапредувањето на сензорите кои ќе ја унапредат детекцијата на радарското зрачење, различните комуникациски системи и системот за противелектронско дејство, оваа ракета ќе биде засилена и со самонаведувана ласерска боева глава со нови системи за управување. Ова ќе овозможи борба и против копнени цели како што се непријателска оклопна техника, летала на писти, патна и железничка инфраструктура, површински бродови и сл. Ракетата успешно ќе може да се користи против непријателски утврдени огнени точки како што се армирано-бетонски скривници, бункери итн. Тандем-боевата глава која ќе се најде во вооружувањето на оваа ракета ќе може да пробие армирано-бетонски ѕид со дебелина од еден метар“, соопштува „Известија“.

„Ракетата Х-25 ја развија ракетните инженери на ОКБ „Ѕвезда“ кое денес се наоѓа во рамките на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“. Нејзината должина изнесува 4255мм, а стартната тежина 300кг. Погонскиот блок се состои од мотор на цврсто гориво, кој ѝ обезбедува максимален дострел до 20 км. Опремена е со разорна боева глава тешка 90 кг“, се наведува во текстот.

Погледнете: Русите го прикажаа производствениот процес на крстосувачката ракета „Буревесник“