Видео: Како изгледа и работи борбениот ласерски систем „Пересвет“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Министерството за одбрана на Русија објави видеоснимка од работата на борбениот ласерски систем „Пересвет“.

Техничките карактеристики на системот и целите за чие уништување е наменет и понатаму остануваат непознати.

Космичките сили на Русија првпат добија оружје засновано на нови физички принципи - борбените ласерски системи „Пересвет“. Тие се стационирани на предвидените места, а за вршење на борбено дежурство е подготвена неопходната инфраструктура која вклучува простории за техниката и дежурните смени, велат од Министерството за одбрана на РФ.

Екипажите на борбените ласери ја поминаа обуката во Академијата на космичките сили „Можајски“ во Санкт Петербург. Операторите на новото оружје секојдневно стекнуваат теоретски знаења во специјално подготвените училници, а потоа борбените дејства ги увежбуваат на борбената техника, пренесуваат руските медиуми.

На снимката што ја објави Министерството за одбрана на РФ може да се види надворешниот изглед на „Пересвет“, движењето на системот и подготовката на екипажот за борбено дејство. Ласерскиот борбен систем е наречен „Пересвет“ по Александар Пересвет, средновековен руски свештеник кој заедно со војската се борел против наездата на Златната орда во 14 век.

Прочитајте повеќе: Рускиот борбен ласер „Пересвет“ супериорен во однос на американските пандани