Маскирната опрема која како камелеон ќе се „претопи“ во околната средина наскоро ќе се најде во состав на руската армија, соопшти генералниот директор на државната корпорација „Ростех“ Сергеј Чемезов.
„Ние континуирано работиме на усовршување на маскирната опрема за нашите војници. Основната цел на нашата работа е зголемување на нивото на заштита за секој војник поединечно, како и негово техничко и тактичко унапредување“, истакнува Чемезов.
Чемезов напомена дека руските научници направиле „невидлив шлем“ и дека тој наскоро ќе биде и демонстриран на еден од саемите за вооружување и воена опрема. „Без преувеличување, но „невидливиот шлем“ ќе стане неодвоив дел од опремата на „рускиот војник на иднината“, истакна Чемезов.
Првиот човек на „Ростех“ напомена дека експерименталните примероци на оваа опрема во пракса ќе ја покажат целата моќ на маскирањето, како и дека ќе станат неодвоив дел од опремата за прикривање на живата сила и борбената техника.
Со помош на супериорни наноматеријали кои ќе ги сочинуваат камуфлажните системи од нова генерација руската армија нема да има само „невидливи војници“ туку и целосно „невидливи тенкови“ како и други типови на борбена техника.
При крајот на 2016 година „Ростех“ соопшти дека специјалниот „невидливи плашт“, кој од средствата на непријателското радиоелектронско извидување успешно ќе ги скрие тенковите, авионите па дури и воените бродови, ќе влезе во експериментална воена употреба од 2017 година.
Во 2015 година се појави информација дека научниците од Московскиот институт за техника и Институтот за теориска физика на Руската академија на науки направиле специјална дводимензионална наноструктура (платно) направена од сребрени елементи која ќе има особини да емитува негативни рефракции (прекршувања) на светлоста кои човечкото око едноставно нема да може да ги обработи.
Најдобар пример за вакво прекршување на светлоста кое создава оптичка илузија можете да видите на снимката во продолжение на текстот. Снимката ја емитуваа кинески научници кои исто така работат на овој проект на иднината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче