АПЛ „Хабаровск“ ќе може да носи 6 подводни дронови „Статус-6“ од кои секој поединечно ќе носи боева глава од најмалку 100 мегатони ТНТ.
Слободан ЃукиќКако што соопшти норвешкиот интернет-сајт Side3, подводна експлозија на нуклеарно торпедо е во состојба да создаде цунами високо и до половина километар!
„Доколку би експлодирало вакво торпедо на отворено море јужно од Ослофјорда, цунамито кое би било високо колку некоја планина би уништило сѐ живо што се наоѓа во регионите Естфолд и Вестфолд. Осло најверојатно би избегнал физичко уништување од огромната водена сила, но смртоносната доза на радиоактивно зрачење би ја довршила започнатата работа, претворајќи го целиот југ на Норвешка во територија во која животот би бил невозможен долга низа децении“, пишува ова издание.
Платформата која ќе го носи тнр. „Цар-торпедо“ ќе биде подводната атомска подморница „Хабаровск“ (Проект 09851). На овој тип подморници во последно време се вршат опсежни конструкторски испитувања со цел интеграција на длабоководниот дрон/торпедо со голем дострел „Статус-6“. Подморницата се наоѓа во завршна фаза на изградбата и се очекува наскоро да влезе во состав на оперативното вооружување на руските стратешки нуклеарни сили.
Според норвешкиот портал, „Хабаровск“ ќе може да носи до шест подводни дронови „Статус-6“ кои ќе бидат сместени во специјално конструирани торпедни цевки со калибар 1600 мм. Аналитичарите се уверени дека идните испитувања на „Цар-торпедото“ ќе бидат изведувани и во акваторијата на Баренцовото море, во непосредна близина на норвешката граница.
Неодамна The Washington Free Beacon објави дека подводниот длабоководен дрон „Статус-6“ е испитан на 27 ноември 2016 година. Торпедото било лансирано од платформа која ја претставувала дизел-електричната подморница Б-90 „Саров“, која инаку се користи за специјални експериментални цели. Авторот на публикацијата, врз основа на извори од американските разузнавачки структури, изнесе и некои тактичко-технички карактеристики на ова супер-торпедо, кое според тие наводи може на длабочина од 1000 метри да развие брзина од дури 90 јазли и притоа да совлада дистанца од 10000 км. Терморнуклеарната боева глава е сместена во отсек со должина од 6,5 метри, а според наводите на американското разузнавање неговите димензии се такви што во него може да се смести боева глава со сила од 100-150 мегатони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче