На ловецот Су-57 се тестираат елементи за борбениот авион од шеста генерација, соопшти извор од руската воена индустрија.
Како што соопшти овој извор за медиумите, не треба сега да се очекува дека веднаш ќе се појави беспилотна варијанта на Су-57, туку дека на авионот се тестираат „одделни системи“ кои во перспектива ќе овозможат и беспилотен начин на управување со леталото. За авионот од шеста генерација ќе постои и можност да биде управуван и од пилот, соопшти изворот. Се наведува дека се тестираат системи за управување и навигација, како и системот за оружје.
Во 2016 година беше соопштено дека Русија паралелно работи на беспилотна и пилотирана верзија на ловец од шеста генерација.