Од нив „стрепат“ САД: Руски Су-57 и кинески Ј-20
Слободан ЃукиќВо текстот се констатира дека Русите со својот апарат од петта генерација Су-57 имаат предност во однос на својот источен „конкурент“ во категориите како што се маневарбилноста и суперсоничната крстосувачка брзина, благодарени на поефикасните мотори АЛ-41Ф1, каде тоа ќе биде уште поизразено кога ќе се усвои новиот мотор „тип-30“, кој претставува чудо на руската водухопловна индустрија.
Основниот проблем на кинескиот авион од петта генерација е недоволно добриот мотор, се констатира во оваа публикација. Во моментов на овој апарат е интегриран мотор од руско производство. Кина интензивно работи на конструирање свој сопствен мотор кој ќе овозможи J-20 ако не да се потполно изедначи, тогаш барем да му се приближи на рускиот пандан.
Според авторите на овој текст, кинеската машина има подобри параметри кога е во прашање нивото на стелтност-невидливоста за непријателските радари. Заклучокот за оваа оцена е изведен врз основа на разузнавачки, но и други видови информации кои укажуваат дека J-20 е технолошки направен по примерот на американските авиони F-22 и F-35.
Што се однесува до тактичката употреба на овие авиони, и тука постојат одредени разлики, поточно приоритети. Кинескиот авион е превиден да биде ударен авион со голем домет кој во својот радиус ги има американските воздухопловни и поморски бази распоредени во Тихиот океан, а кои во својот состав имаат авиотанкери и десантни поморски капацитети. Значи, тој има повеќе улога на бомбардер отколку на ловец и во суштина не е наменет за воздушен бој со американските летала F-22 или F-35, освен кога е тоа неопходно.
Од друга страна, главната задача на рускиот Су-57 је остварување апсолутна превласт во воздухот и тој е пред сѐ изразен ловец. Руските конструктори го конципираа на начин тој да биде „убиец“ на нашите ловци од петта генерација какви што се F-22 или F-35, резимира авторот на овој текст.
Додека Русија и НР Кина работа на воведување на воздухоплови од петта генерација во своите вооружени сили, дотогаш САД се надеваат дека до 2030 година ќе развијат потполно нов концепт на летало кое ќе биде способно да совлада секаков облик на непријателската противвоздушна одбрана како одговор на сѐ поголемата доминација на руските системи за ПВО и ПРО во однос на практично сите конкуренти. Дотогаш тие се осудени да ја модернизираат својата бројна флота која првенствено ја сочинуваат авиони од четврта генерација како што се, на пример, апаратите F-15C Eagle.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче