Су-57 и F-15
Слободан ЃукиќМагазинот „Национален Интерес“ (The National Interest) забележува дека веќе подолга низа години американскиот борбен авион F-15 се смета за еден од најдобрите ловци на светот кога е во прашање остварување на доминација во воздушниот простор. Освен тоа, овие авиони сочинуваат половина од возниот парк на Военото воздухопловство на САД. Благодарение на овој факт, американските експерти го разгледуваат прашањето на неговата идна употребливост со цел спротивставување на воздухопловите од нова генерација, каков што е секако рускиот Су-57, за кого на Запад тврдат дека ќе стане многу опасен противник,
Во текстот се зборува дека рускиот авион од петта генерација Су-57 ќе стане многу респектабилен противник кога ќе ги усвои новите мотори на кои интензивно работи руската воздухопловна индустрија. „Тој ќе биде огромна опасност за нашите авиони. Тој авион ќе има исклучително избалансирана комбинација на брзина, маневар, употреба на технологија која е невидлива за нашите радари, како и развиена архитектура за противелектронска борба“, констатираат американските експерти.
Во публикацијата се наведува дека постои технологија која ќе овозможи откривање на руските авиони од петта генерација. Се работи за мултифункционални инфрацрвени системи за пребарување и следење, кои покрај тоа имаат функција и да ги наведуваат ракетите на целта. Згора на тоа, најдобрите резултати во борбата против руските ловци од петта генерација можат да се постигнат токму на овој начин, со комбинирана употреба на овие системи кои ги носат неколку воздухопловни платформи-борбени авиони кои се меѓусебно вмрежени. Во текстот се наведува дека компанијата „Локид Мартин“ во таа насока развива соодветна верзија на мултифункционалниот систем Legion Pod, која може да се додаде на подтрупните или поткрилните носачи и која ќе биде прилагодена на овој американски ловец.
Меѓутоа, освен подрачјето кое го покрива тактичкото решавање на „невидливоста“ на рускиот ловец, во публикацијата не е изнесен ниеден аргумент која ја третира борбата против останатите карактеристики на Су-57, кои се доминантни во однос на F-15. Американските стручњаци со тешка мака признаваат дека во случај на евентуално промашување на ракета со среден или голем дострел од класата „воздух-воздух“, американските авиони би биле принудени да влезат во блиска воздушна битка-догфајт со руските авиони, кои од аспект на маневарот се значително посупериорни во однос на своите противници.
„Нашиот ловец тогаш би се нашол во многу тешка ситуација“, заклучуваат американските експерти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче