Војници на 2С7 „Пион“ (С7М „Мaлка“), самоодно орудие на изложбата во рамките на Третиот меѓународен военотехнички форум „Армија 2017“ во Московската област.
Кирил Калиников/SputnikОвие хаубици имаат долги топовски цевки со калибар 203 милиметри. „Малка“ може да истрела 3 проектили во минута. Наменета е за уништување на објекти и цели оддалечени 50 километри. Обновеното самоодно артилериско орудие има апаратура за управување со огнот со автоматски прием на податоци, а носачот на топот е направен од поцврсти материјали.
„Механизмите за наведување на проектилите на модернизираниот модел „Малка“ овозможуваат аголот под кој се истрелува гранатата да варира од 0 до +60 степени. Екипажот се состои од шестмина. Тоа се возачот, командирот на екипажот и артилерците“, додаде официјалниот претставник на Централниот воен округ Сергеј Шорин.
Војниците дополнително се обучени за ракување со новата техника. Топовите „Малка“ ќе бидат применети веќе во јули, кога артилериските единици на овој воен округ ќе излезат на терен на Јургинскиот полигон.
Секој проектил на ова самоодно артилериско орудие содржи преку 100 кг чист челик наполнет со различни видови експлозив, а секој погодок на ова разорно оружје може да уништи утврдена позиција на терористите која се наоѓа во планините.
Во најскоро време „Малка“ ќе добие нови видови проектили со ласерски навигациски системи, што ќе ја зголеми прецизноста а ова орудие и ќе го направи уште посмртоносно и пострашно.
Прецизноста на новите проектили ќе биде од 5 до 7 метри, што е фасцинантно кога се работи за артилериски систем кој гаѓа цели оддалечени неколку десетици километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче