Во времето на Студената војна, Москва и Вашингтон работеа на развој на артилериски системи кои на фронтот би можеле да испукуваат тактички нуклеарни проектили на непријателските положби.
Првиот таков систем беше самоодното артилериско оружје 2С7 „Пион“. Тој имаше 4 проектили со калибар од 203 милиметри со нуклеарни боеви глави со дострел о 37.5 километри.
Развојот на оваа тактичка нуклеарна „аждаја“ брзо беше запрен, а подоцна обновен, но без нуклеарни боеви глави.
„По првите успешни нуклеарни проби научниците започнаа да развиваат примена на овие технологии на сите можни системи за вооружување, па дури и на мините и на тенковските проектили. Но, тестирањата покажаа дека овие видови проектили не се толку ефикасни колку што се опасни радиоактивните облаци кои се ширеа со километри на сите страни, влијаејќи врз сѐ што ќе им се најде на патот. Со други зборови, не беа опасни само за непријателот“, вели воениот аналитичар на весникот „Известија“ Алексеј Рам.
Сепак, благодарение на овие проектили ова беше еден од најмоќните артилериски системи во 20 век.
Страшен и без нуклеарни боеви глави
Секој „Пион“, па и неговата последна верзија под називот „Малка“ може да ги уништи непријателските положби оддалечени 50 километри, но сега користи конвенционални проектили со калибар од 203 милиметри.
Секој од овие проектили содржи над 100 килограми чист челик наполнет со различни видови експлозив. Секој погодок на ова разорно оружје денес може да ликвидира цела утврдена положба на терористи далеку во планините.
„Во блиска иднина системите Малка ќе добијат два нови вида проектили со ласерски навигациски системи што ќе ја зголеми прецизноста на ова оружје и ќе го направи уште посмртоносно и пострашно“, истакнува Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал отечества“.
Тој нагласува дека прецизноста на новите проектили ќе биде од 5 до 7 метри што е фасцинантно кога станува збор за артилериски систем кој гаѓа цели оддалечени неколку десетици километри.
„Денес руските генерали ја разгледуваат можноста за интеграција на системот Малка со беспилотни летала. За време неодамнешните борбени тестирања овие системи покажаа дека можат успешно да функционираат со беспилотните летала Орлан-10 и нема да биде ништо чудно доколку оваа комбинација биде применета во различни борбени дејствија“, истакна тој.
Покрај сите гореспоменати исклучително добри страни, Малка има и сериозни недостатоци.
Најголеми се брзината на пукањето и бројот на проектилите. Во последната верзија брзината е зголемена на 2.5 пукања во минута, а бројот на проектили е зголемен на 8.
„Секое пукање на системот Малка е толку силно што го заглушува екипажот и луѓето наоколу. Тоа е мошне моќен систем, но за луѓето е прилично неудобен“, истакнува експертот.
Овој систем за првпат го примени Советскиот Сојуз во војната против Авганистан. Подоцна руската војска го примени во Првата и во Втората чеченска војна. Грузиската армија го користеше 2С7 во Грузиско-руската војна во 2007 година. Руските трупи засега имаат запленето 6 вакви оружја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче