Првата тенковска армија го очекува првиот дивизион руски хаубици „Коалиција-СВ“

Слободан Ѓукиќ
Првите количества во 12 најмодерни руски самоодни хаубици со калибар од 152 милиметри 2С35 „Коалиција-СВ“ ќе им бидат испорачани на артилериските единици кои се наоѓаат во составот на 1 гардиска тенковска армија на Западниот воен округ (ЗВО).

Во рамките на фабриката „Уралтрансмаш“ завршен е првиот дел од преобуката на артилерискиот екипаж кој ќе ги опслужува самоодните хаубици 2С35 „Коалиција-СВ“. На полигонот на фабриката овие војници-специјалисти ги совладаа најважните елементи кои се специфични за оваа хаубица на иднината, која треба да оствари значаен продор кога станува збор за вкупната квалитативна способност на артилериските единици во состав на руските копнени сили.

Првиот дел од преобуката се состои од елементи кои подразбираат интензивно совладување на новата машина поврзано со нејзиното управување. Возачите ги совладуваат тенковските полигони кои се составени од најсложени сегменти каде се следи издржливоста на самата машина, но и способноста за негово управување во совладувањето на најтешките препреки. Обемот и интензивноста се главни цели на овој дел од програмата каде возачите за мошне кус временски период мораат да исполнат норма од најмалку 43 часа интензивно полигонско возење. Како што се вели на војнички жаргон возачите „дрилаат“ до крајните граници на својата издржливост. Кога во целост ќе се оспособат возачите, артилериските екипажи и нивните моќни оружја ќе преминат на подмосковниот полигон Алабино, на кој ќе се совладуваат и останатите елементи на оваа навистина тешка програма.

Првите количества во 12 најмодерни руски самоодни хаубици со калибар од 152 милиметри 2С35 „Коалиција-СВ“ ќе им бидат испорачани на артилериските единици кои се наоѓаат во составот на 1 гардиска тенковска армија. Оваа испорака е предвидена за 2020 година. По нејзиниот прием во оваа стратегиска борбена групација на руските вооружени сили, во план е нејзино целосно усвојување во вооружувањето на руската војска, што ќе иницира масовно производство. „Коалиција“ ќе биде основно самоодно артилериско оружје на руската копнена војска.

Станува збор за оружје кое во поглед на техничко-тактичките карактеристики во голема мера ќе го надмине својот претходник, хаубицата „Мста“. „Коалиција-СВ“ може да уништи цели на оддалеченост и до 70 километри, што ја става на самиот светски врв кога станува збор за самоодните хаубици кои моментално се наоѓаат во оперативна употреба. Покрај исклучителниот дострел особено е импресивно и нејзиното темпо на огнот кое ќе го исфрли. Имено оваа хаубица ќе можена оваа далечина да исфрли и до 16 гранати во минута (на секои 3.5 секунди по една). Куполата се наоѓа на шасијата на тенкот од новата генерација „Армата“ што значи дека нејзиниот екипаж ќе се наоѓа во заштитена оклопна капсула која е раздвоена од боевиот модул каде се наоѓаат гранатите. Овој начин на конструирање кој практично претставува „тенк во тенк“ обезбедува драстично зголемување на степенот на преживување на тенковските екипажи за време на евентуално уништување на основното борбено возило (Т-14, Т-15, 2С35 „Коалиција-СВ“).

Паралелно со оспособувањето на идните артилериски екипажон кои треба да ја опслужуваат самоодната хаубица 2С35 „Коалиција-СВ“, во Русија интензивно се развива и најнова артилериска муниција која за двапати ќе го зголеми ефективниот дострел на самоодното и на влечното артилериско оружје. Развојот на овој проект на себе го презеде научно-истражувачката катедра БГТУ „ВОЕНМЕХ“. Еден од тие развојни проекти е поврзан и за конструирањето на перспективен проектил за артилериско оружје со калибар од 152 милиметри, а кој треба да оствари значајни резултати кога станува збор за параметрите за максимален дострел и неговата прецизност. Максималниот дострел на оваа муниција ќе изнесува 70+ километри. Овој дострел ќе биде постигнат со помош на ракетен мотор кој ќе биде поставен во долниот или во горниот дел на проектилот. Откако проектилот ќе ја напушти цевката на хаубицата и ќе постигне определена висина и брзина, доаѓа до палење на ракетниот мотор што дополнително ја зголемува неговата брзина на траекторијата на летот и стабилноста на самиот проектил Еден од најголемите проблеми кои се јавуваат на олку големи дистанци е прецизноста на проектилот кој треба да ја погоди целта со минимално отстапување. Стручњаците сметаат дека овој проблем успешно ќе биде решен со интеграција на специјални модули во управувачкиот блок на проектилот, а кои се поврзани со сателитската навигација ГЛОНАСС.

Прочитајте уште Направен, но никогаш неупотребен: Рускиот тенк „Малечок“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња