Сигурна заштита: Радарите ги покриваат сите големи руски градови

Павел Лисицин/Sputnik
Големите руски градови сега се под сигурна заштита на радарите.

Сите големи руски градови сега се под сигурна заштита на радарите кои откриваат воздушни цели на мали висини, вклучувајќи и беспилотни летала, соопшти за новинарите генерал-мајор Андреј Кобан, началник на радиотехничките трупи на Воздушно-космичките сили на Русија.

„Во овој момент над најголемите градови на Русија формиравме дежурно радарско поле на мали висини“, рече тој.

Според него, веќе 70% од арсеналот на радиотехничките трупи го сочинуваат современи и перспективни средства.

„Ние се фокусиравме на модернизирање на силите кои ги опремуваме со нови системи и средства за автоматизација. Тие системи автоматски го контролираат распоредот на користење на воздушниот простор. Таа задача е веќе реализирана во московската зона на одговорност“, изјави Кобан.

Една од приоритетните задачи е и формирање радарско поле и воспоставување контрола во воздушниот простор на Арктичката зона.

Во овој момент на Арктикот е распоредена група радиотехничките единици и се работи на нејзино усовршување и проширување.

„Воените екипажи кои извршуваат задачи на Арктикот претходно се обучуваат за ракување со радиотехнички средства. Ние утврдивме специјална програма за тие екипажи. Тие работата според таа програма и покажуваат мошне ефикасен резултат во посебните климатски услови на Арктикот“, додаде Кобан.

Прочитајте повеќе: Новата генерација руски радари дефинитивно ги испраќа „Томахавк“ во контејнер

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња