Руски радар ги претвора американските „невидливи” ловци во старо железо

F-22 Raptor

F-22 Raptor

Wikipedia.org
Американските медиуми пишуваат за рускиот одговор на стелт-технологиите. Русија користи ефикасен систем против стелт- технологиите во авијацијата. Овој систем може да ги претвори американските повеќенаменски ловци од петта генерација F-22 и F-35 во старо железо.

Како што пишува американскиот портал „Национален Интерес“, се работи за бистатичкиот радарски систем „Струна-1”, кој се разликува од повеќето радари по тоа што неговиот приемник и предавателот се сместени на различни локации. Тоа го прави овој радар почувствителен и му овозможува да ги следи објектите кои се  креирани со користење на стелт-технологии и кои се незабележливи за обичните радари.

„Струна-1” ги игнорира антирадарските површини кои ги расипуваат радио-брановите. „Тоа му овозможува на овој систем да ги детектира не само „невидливите“ авиони, туку и другите објекти, како што се змејовите и крстосувачките ракети“, пишува „Национален Интерес“.

Притоа се наведува дека системот „Струна-1” троши и емитува помала количина на енергија, што го прави помалку ранлив кога се работи за антирадарско оружје.

Овој систем е мошне ефикасен и за лоцирање на цели кои летаат на ниска височина. Порталот ја наведува и максималната височина за откривање на цели: седум километри.

„Иако бистатичкиот радар „Радар-1“ не е универзално решение за откривање на „невидливите“ авиони, тој е сериозна закана за авијацијата на НАТО. Во комбинација со другите современи радарски системи „Струна-1“ може да ги даде за непријателот клучните информации за локацијата и движењето на „невидливите авиони”, заклучува американскиот портал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња