Припадниците на ирачката војска се запознаа во Русија со една од најновите модификации на борбеното возило на пешадијата БМП-3М. На интернет се појави фотографија на која е снимен еден претставник на Ирак на возило произведено во Курган.
Иракцы осваивают БМП-3М в России. Фото: IQARMY. #weapons#оружие#бронетехника#Iraqpic.twitter.com/bscqoYrmJx
— Komandante (@KomandanteS17) 20 June 2018
Најверојатно примерокот на фотографијата е варијантата првпат претставена на военотехничкиот форум „Армија 2015“.
Освен дополнителните оклопени екрани, на возилото се поставени противкумулативни решетки, пишува весникот „Росијскаја газета“. Засилената заштита придонесе масата на оклопното возило да достигне 22 тона. Меѓутоа, тоа е потполно оправдано, зашто сега борбеното возило на пешадијата е отпорно не само на муниција истрелана од митралез со голем калибар или на топовски проектили, туку и на помасивни реактивни гранати.
Наведеното борбено возило на пешадијата е опремено со современи нишански систем „Содема“. Благодарение на термовизискиот канал, навигаторот-оператор има можност да открива оклопни цели на далечина од најмалку 3000 метри.
Возилото е вооружено со топ со калибар 100 мм, кој може да гаѓа со наведувани ракети, 30-мм топ и митралез со калибар 7,62 мм. Максималната брзина на движење на пати изнесува 70 км/ч, по вода 10 км/ч. Автономијата на движење е 600 километри.
Познато е дека ирачката војска заедно со основните борбени тенкови Т-90С купи голема партија БМП-3. Според пишувањето на медиумите, првите борбени возила на пешадијата пристигнаа во Ирак во февруари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче