Руската компанија „Уралвагонзавод“ прикажа видеоматеријал на кој се гледа испитувањето на најновото борбено оклопно возило вооружено со автоматски топ со калибар 57 мм. Ова возило всушност претставува длабока модернизација на руското БМП-3 (возилото како шасија го користи движниот механизам на овој оклопник) и ја носи ознаката „Деривација“.
Топовите со висока балистика со калибар 57 мм се нешто потполно ново и тоа не само во руски, туку и во глобални размери. Конкретно, се работи за топот „А-220М“ калибар 57 мм, кој е дел од роботизираната купола кои во комплет ги произведува познатото руско биро „ЦНИИ Буревесник“. Овој топ е неспоредливо посилен од стандардните топови со калибар 30 мм, какви што се на пример 2А42 и 2А72, како по ефективниот дострел така и по учинокот на огнот врз целта. Така, на пример, поткалибарна граната калибар 57×348 мм SR истрелана од овој топ ќе може лесно да „прострела“ и најтешки оклопни борбени возила на пешадијата, каков што е, на пример, германското Schützenpanzer Puma. Претпоставките се дека новата муниција на далечини поголеми од 1500 метри ќе има способност да пробие панцирна плоча со дебелина и до 150мм.
Русите со овој топ имаат многу големи очекувања. Воено-производствениот комплекс има намера за нив да развие „паметна“ муниција од различни типови. Оваа муниција драстично ќе ја зголеми ефикасноста при гаѓањето на копнените, но и на воздушните цели. Таа ќе биде компатибилна со новата електронска конфигурација т.е. системот за управување со огнот. Новиот СУВ ќе има интелектуална способност да ја препознае зафатената цел и самостојно да го избере типот на гранатата со која истата ќе биде пресретната-уништена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче