Ирачаните од пепел ја подигаат својата „мртва“ дивизија со руски тенкови Т-90С

Т-90С

Т-90С

Слободан Ѓукиќ
Ирачките генерали едвај го дочекаа денот кога својата елитна 9 тенковска дивизија, која жестоко настрада во борбите со терористите на тнр. Исламска држава, повторно ќе почнат да ја градат од почеток, но со проверено руско вооружување кое е незаменливо во воени услови. Експериментот со примената на американските тенкови М1А1-М „Абрамс“ во целост пропадна и за него е платена висока цена, како според бројот на уништена техника така и според бројот на загинати припадници на нивните екипажи.

Во годишниот извештај за 2016 година на АД „Научно-производствената корпорација „Уралвагонзавод“ (АО „Научно-производственная корпорация „Уралвагонзавод“) соопшти дека една од приоритетните задачи е реализацијата на потпишаниот договор со нарачателот „368“ (шифра за Ирак) околу испораката на 73 тенка Т-90С/СК. Во ноември 2017 година агенцијата ТАСС го пренесе соопштението на информативното одделение на Федералната служба за воено-техничка соработка (ФСВТС) дека Русија ќе го реализира потпишаниот договор за испорака на тенкови на Војската на Ирак.

На почетокот на оваа година се појави видеоснимка од руското поморско пристаниште Усти-Луга (Ленинградска област) на која се гледа натоварувањето на основни борбени тенкови Т-90С за транспорт. Судејќи според типот на нивната камуфлажа беше очигледно дека се работи за тенкови наменети за Ирак. Рускиот амбасадор во оваа држава на почетокот на февруари оваа година истакна дека првата партија од 46 тенкови Т-90С наскоро ќе му биде испорачана на Ирак. И веќе кон средината на февруари првиот контингент со овие тенкови пристигна во оваа земја.

Пред десетина години Ирак нарача од САД 152 тенка М1А1 „Абрамс“. Американскиот производител испорача 140 тенкови (се работи за модернизираната верзија на тенкот М1А1-М) во периодот о август 2010 до февруари 2011 година. Вкупната вредност на договорот изнесуваше 2,16 милијарди американски долари. Во текот на 2013 година на Ирак му беа испорачани и останатите шест тенкови М1А1-М, а конечно во февруари 2015 година и уште шест дополнителни тенкови за пополнување на загубите.

Со овие тенкови се опремени четири тенковски полкови кои се наоѓаат во состав на 9 тенковска дивизија на ирачката армија. Се работи за најквалитетната ирачка оклопа формација која се состои од две тенковски бригади (34 и 35 тбр) во кои се наоѓаат по два тенковски полка. Формацискиот состав на еден тенковски полк на ирачката армија се состои од 35 обт ( 2 командни тенка + 33 тенкови распоредени во 3 тенковски чети). Значи, целосниот капацитет на 9 тенковска дивизија се состои од 140-150 тенкови.

Во меѓувреме, бројни соопштенија од боиштата, како и видеозаписите, ја информираа јавноста за тешките загуби кои ги претрпе оваа дивизија во борбите со борците на тнр. Исламска држава. Така специјализираниот портал Jane's Defense Weekly соопшти податок дека до јануари 2015 година оваа дивизија изгубила 28 основни борбени тенкови М1А1М. Ирачкиот весник Al Ghad Press три години подоцна објави информација дека во борбените дејствија со „Исламската држава“ кај Мосул се исфрлени од строј речиси 60 тенкови од типот „Абрамс“. Тие денови дури и се појави сателитска снимка на воената база во која е стационирана 9 тенковска дивизија на ирачката армија каде што се гледа еден вид „депонија“ на која се наоѓаат најмалку 80 тенкови М1А1-М „Абрамс“ кои се или уништени или сериозно оштетени во тие борби.

Весникот Al Ghad Press исто така соопшти дека американската корпорација General Dynamics кон крајот на 2017 година го откажала своето учество во програмата за техничка поддршка и одржување на тенковскиот парк од М1А1М „Абрамс“ на ирачката војска по одлуката на Багдад со своите оклопни единици да ги поддржи проиранските шиитски милиции кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, без чија поддршка тешко дека ќе беше разбиена тнр. Исламска држава која зазеде голема територија на северот и на западот на Ирак. Подоцна американската амбасада во Ирак ги демантираше наводите на овој ирачки весник, меѓутоа ситуацијата со ремонтот на обт М1А1М „Абрамс“ и понатаму остана нејасна. Судејќи според сѐ, резултатот на ирачката кампања за ослободување на Мосул и останатите делови на својата територија од терористите на „Исламската држава“ е таква што во моментов 9 тенковска дивизија располага само со една тенковска бригада во која се наоѓаат околу 70 оперативни тенкови М1А1М „Абрамс“.

Борбените искуства кои на територијата на Сирија супериорно ги демонстрираше рускиот основен борбен тенк Т-90 решително влијаеше врз воениот и политички врв на оваа држава цврсто да се определи за руските тенкови, поточно за извозната верзија Т-90С. Со овие тенкови во комплет ќе биде опремена 35 тенковска бригада на 9 тенковска дивизија на ирачката армија.

Погледнете го претставувањето на тенкот Т-90С во Абу Даби во 2013 година. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња