Ракетата „Авангард“ која е развиена како своевиден одговор на унилатералната одлука на САД да излезат од договорот за ПРО, влезе во сериско производство.
„Ракетниот систем „Кинжал“ веќе се наоѓа во оперативните единици на Јужниот федерален округ. Борбениот комплекс „Пересвет“ кој е вооружен со ласер исто така се наоѓа во вооружувањето. Што се однесува до системот „Авангард“ ние го почнавме неговото сериско производство. И него веќе од следната 2019 година ќе го имаме во оперативните борбени единици“, истакна Путин, а пренесува ТВ „Ѕвезда“.
Според зборовите на рускиот претседател, ракетниот систем „Авангард“ оди кон целта со променлива траекторија со постојана промена на висината на својот лет, што е исклучително тешка задача за противничките системи за ПРО.
„Во денешно време не постои ништо слично во светот што може да се спореди со овој систем. Се работи за апсолутно оружје. Тоа е во состојба да лета се брзина поголема од 20 маха. Не сум сигурен дека во блискиот временски период ќе се појави оружје со слични карактеристики во другите земји“, истакнува Путин.
Рускиот претседател се осврна и на развојот на ракетниот комплекс „Сармат“ кој, според него, ќе влезе во вооружувањето на руската армија 2020 година.
Развојот на стратешкото вооружување претставува една од најважните задачи на воено-индустрискиот комплекс.
„Немаше глобални судири, затоа што во светот меѓу водечките сили е воспоставен стратешки паритет. Без оглед колку звучи непријатно, ќе ви речам. Стравот од меѓусебно уништување ги воздржуваше и присилуваше воените сили да се почитуваат меѓусебно“, нагласи Путин и потсети дека современите системи на оружје кои денес се развиваат во Русија ќе го одржуваат тој паритет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче