МиГ-35
MiG CorporationПо успешното завршување на тестирањето, во наредната година е планирано сериско производство на овие авиони кои ќе ги пополнат руските воздухопловни ексадрили вооружени со лесни фронтовски ловци. Во план е сите постари ловци да се заменат со овие апарати, а во однос на потребите на руската војска ќе зависи динамиката на ова опремување. Според бројни стручњаци, авионот има изразено висок извозен потенцијал.
МиГ-35 претставува повеќенаменски ловечки авион од генерацијата 4++. Резултат е на длабока, сеопфатна модернизација на борбените апарати МиГ-29К/КУБ и МиГ-29М/М2. Првенствено е наменет за остварување на апсолутна воздушна надмоќ на мали и средни далечини (тактички ловец).
Покрај примарната улога на ловец, овој авион е оспособен и да изведува многу прецизни напади врз копнени и поморски сили на непријателот, па може да се смести и во категоријата ловци-бомбардери. Со иновативните конструкторски решенија значително е зголемена борбената носивост на убоит товар, а со интеграцијата на посилните и истовремено поекономични мотори и дополнителниот простор за гориво е зголемен неговиот оперативен борбен радиус.
Претпоставката е дека нареднава деценија овој авион ќе влезе во голем број во руските воздухопловни единици и дека обемот на набавки нема да заостанува зад авионите со ознаката „Сухој“.
Според различни процени, Министерството за одбрана на Руската Федерација е подготвено на концернот „МиГ“ да му понуди договор за набавка меѓу 70-80 авиони МиГ-35 кои до крајот на 2027 година би влегле во состав на Воздушно-космичките сили на ВРФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче