Експертот кој во десетици свои авторски текстови исцрпно се занимава со компаративна анализа на софистицираната борбена техника на војските на САД и Русија, речиси е сигурен дека новиот руски невидлив ловец од петта генерација Су-57 ќе биде употребен како носач на нуклеарно оружје со среден дострел, со цел пробивање на моќниот противвоздушен и противракетен штит на потенцијалниот противник.
„Во перспектива, Су-57 постепено ќе го истисне ловецот-бомбардер Су-34 кој денес е основниот ударен авион на руската армија кога треба да се извршат напади со нуклеарно оружје на средни дистанци. Негова задача ќе биде удар на воздушните коридори кои се заштитени со голем број ракетни системи за ПВО“, се наведува во публикацијата.
Авторот понатаму наведува дека Москва е многу блиску да произведе (или веќе произвела) значителна количина современи тактички нуклеарни боеви глави кои благодарение на своите габарити можат да се вклопат на крстосувачките ракети од класата „воздух-земја“. На пример, најновата ракета Х-50 може да понесе тактичка нуклеарна боева глава, а според американскиот автор, нејзините димензии ќе бидат такви што ќе може да се смести во внатрешниот спремник на ловецот Су-57. Оваа ракета според различни податоци ќе има способност да погоди цел со голем степен на прецизност на далечина и до 1500 км.