Воените морнарици на западните земји се загрижени поради вестите за изградба на руските подморници од петта генерација „Хаски“ на кои ќе бидат инсталирани хиперсонични ракети „Циркон“, пренесуваат медиумите.
Доколку е точна веста, комбинацијата од подморниците „Хаски“ и ракетите „Циркон“ ќе значи „брак“ меѓу најстрашното оружје во арсеналот на Москва, пишува „Национален Интерес“ (The National Interest).
Русија всушност реши да создаде „подводен“ и значително поекономичен еквивалент на американскиот ловец F-35, пишува авторот на текстот.
Како што се наведува, ракетите „Циркон“ предизвикуваат огромен страв кај припадниците на западните воени морнарици. На пример, британската флота ја загрижува тоа што ракетите на кралската ПВО Sea Ceptor не се во состојба да ги пресретнат „Цирконите“ кои се одликуваат го голема брзина. „Циркон“ е повеќе од обично тактичко оружје со дострел од 500 милји, истакнува „Национален Интерес“.
Како што претходно беше пишувано, се очекува изградбата на главната нуклеарна подморница од петта генерација „Хаски“, на која ќе бидат инсталирани хиперсонични ракети „Циркон“, да биде завршена во 2027 година.
На почетокот на 2014 година конструкторското биро „Малахит“ од Санкт Петербург објави дека работи на проект на повеќенаменска нуклеарна подморница од петта генерација. Информацијата за кодниот назив на проектот „Хаски“ се појави 2016 година, кога и беше склучен договорот со Министерството за одбрана.
Раководителот на Обединетата бродоградилишна корпорација Алексеј Рахман неодамна изјави дека проектот „Хаски“ ќе биде завршен во согласност со напомените на руската Воена морнарица. Како што се очекува, подморниците ќе се произведуваат во Северодвинск во „Северното претпријатие за машиноградба“.
Медиумите пишуваа дека повеќенаменската нуклеарна подморница од петта генерација „Хаски“ ќе биде опремена со роботски системи кои функционираат во вода и воздух.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче