Зошто терористите во Сирија „се тресат од страв“ кога ќе се спомене руската авиобомба КАБ-1500?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Сирија се во тек опсежни подготовки н владините сили за задавање на последниот удар на терористите кои се утврдени на потегот Дера-Кунеитра. Според пишувањето на иранскиот портал „Ал Алам“ (Al Alam), во случај на непријателски жилав отпор ќе бидат употребени и руските супербомби КАБ-1500, чија најава создаде сериозен бран на паника во терористичките редови.

Во текстот се напоменува дека по конечното ослободување на сирискиот главен град Дамаск и сите негови приградски населби од терористите на тнр. Исламска држава забележително е значајно префрлување на офанзивна борбена компонента (оклопна и артилериско-ракетни единици) во правец на границата со Јордан.

„Слично сценарио видовме и во текот на подготовките за големата сириска офанзива на подрачјето на Источна Гута, кога првенствено од подрачјето на централна и источна Сирија во Дамаск пристигнаа најелитните единици на сириската армија, опремени со најквалитетна борбена техника“, истакнува овој весник.

Изданието додава дека во текот на оваа операција најверојатно ќе биде ангажирана и руската авијација, која ќе примени најсовремени примероци на убојни средства од класата „воздух-земја“.

„Терористите се многу добро запознаени со разорната сила на ова вооружување. Меѓутоа, тие најмногу се плашат од една бомба која инаку е веќе употребена на северот на Сирија и која притоа произведе разорни ефекти врз нивната инфраструктура и жива сила. Се работи за високопрецизната бомба КАБ-1500, чија употреба имаше решавачко значење за поволниот завршеток на битката за Салма“, напоменува изданието.

Во април ловец-бомбардер Су-34 со оваа бомба изведе напад врз силноутврден подземен објект во кој се криеја важни терористички структури кои се важни за командувањето и управувањето со единиците на фронтот. Во нападот е во целост уништен објектот, а на површината на земјата се создаде огромен кратер кој можеше да собере десетици луѓе.

Воздухопловната бомба КАБ-1500 е наменета за уништување на исклучително отпорни воени објекти, магацини со муниција, железнички инсталации и позиции на непријателот кој е вкопан на ридско-планински/каменит терен. Со своите 1500 килограми тежина, оваа бомба кога ќе се фрли од 7000+ метри висина во слободен пад може да достигне брзина блиска на брзината на звукот, при што се создава огромна кинетичка енергија која е способна да пробие три метри армиран бетон или 20 метри земја. Максималната висина за исфрлање на оваа бомба е 8000 метри, а нејзиното најголемо отстапување од целта изнесува само неколку метри.

Прочитајте повеќе: Руски Су-34 во Сирија уништи терористички бункер со супербомба