Генералниот директор на Научно-производствената организација „Базалт” Владимир Порхачов на форумот „Армија 2016” ја најави новата авиобомба „Бушилка“ (Дрель).
„Тоа е бомба без мотор. При напуштање на носачот дометот на гаѓање на целта е над 30 километри. Бомбата ја пронаоѓа целта со помош на системот за навигација ГЛОНАСС. На висина од 250 метри се активира полнењето. Се надеваме дека оваа бомба годинава ќе ги помине сите државни испитувања“, објасни директорот на организацијата специјализирана за проектирање на современа високопрецизна муниција, пренесува „Свободнаја преса”.
Целосниот назив на новата бомба е лебдечка бомба-касета ПБК-500У со самонаведувани боеви елементи СПБЭ-К „Дрель” (Дупчалка). Таа може да функционира 24 часа во секакви временски услови. Се применува без авионот да влезе во зоната на дострел на средствата за противвоздушна одбрана, со висока прецизност ги исфрла врз целта самонаведуваните боеви елементи, кои ги има вкупно 15 во касетата.
Бомбата „Дупчалка“ е долга 3100 милиметри, со пречник од 450 милиметри, тешка е 540 килограми. Максималната висина од која може да се исфрли е 14000 метри, минималната е 100 метри. Боевите елементи се опремени со глави за самонаведување со термо и радиолокациски принцип на дејствување. Бомбата може да погоди цел во услови на радиолокациска одбрана на непријателот. Бомбата се исфрла при брзина од 700-1100 километри на час.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче