Како што соопшти порталот topwar.ru, бомбардирањето го извршил Су-34 во провинцијата Идлиб. Со бомбата КАБ-1500, тешка тон и половина, уништен е подземен бункер на терористите кој беше еден под поважните центри за комуникација.
На видеото во чија позадина се слуша разговор на арапски јазик преку радио врска, прикажано е полетување на бомбардерот, а потоа се гледа во далечина чадот што се подигна над епицентарот на експлозијата и на крај огромен кратер прекриен со шут, на чие дно има вдлабнатина, пренесува defence.ru.
Порталот потсетува дека претходно беше соопштено дека во Сирија руските ВКС во борбата против терористите користат високопрецизни авио-бомби КАБ-1500Л со ласерско наведување. На интернет се појавија и фотографии од бомбардери Су-34 со две такви бомби.
Со бомбите КАБ-1500 може да се уништуваат различни објекти, вклучувајќи и подземни бункери и командни пунктови. Бомбата, долга 4,4 метри и тешка 1500 килограми, може да пробие три метри дебел бетон или 20 метри земја. Притоа таа може да биде исфрлена од максимална висина од осум километри, а прецизноста на ударот е до четири метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче